Saturday, November 26, 2016

Учество на XLI школа на Млади физичари

По повод „Месец на науката“, изминатито викенд (18ти, 19ти и 20ти ноември) беше одржан натпревар организиран од страна на Друштвото на физичарите на Република Македонија во Скопје, на кој што учествуваа и наши ученици со свои експерименти.
Во петокот, на 18ти ноември, учениците беа во можност да присуствуваат на предавања од областа на физика, хемија, биологија, астрономија и географија.
Во саботата, на 19ти ноември, утрото беа реализирани тестови од областа на физика, хемија и биологија, а во попладневните часови учениците ги презентираа своите експерименти на штандовите во City Mall.
Во неделата, на 20ти ноември, беше одржано свечено доделување на наградите.
На натпреварот учествуваа вкупно 195 ученици, од кои што 119 ученици учествуваа и со свои експерименти.
Наградени ученици од нашето училиште се:
Сандра Јовеска- III награда- експеримент физика под менторство на проф. Зорица Масникоса Поп-Трајкова;
Владо Дончев- III награда- експеримент географија под менторство на проф. Зорица Масникоса Поп-Трајкова;
Тамара Миленковска- сертификат и диполма за учество - експеримент физика под менторство на проф. Зорица Масникоса Поп-Трајкова.





No comments:

Post a Comment