Wednesday, January 22, 2020

Учество на ,,ЕКО-мини саем,,

декември 2019

Учествувавме во манифестацијата на ,,ЕКО-мини саем,, каде од 98 училишта беа избрани шест училишта, три основни и три средни со теми поврзано со екологијата и подигање на свеста кај граѓаните која се одржа во домот на култура во општина Битола. Манифестацијата беше следена од голем број гости. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Битола и исцрпнпо излагање за целта даде директорот на ,,Фонд за иновации,, господин Јован Дестотовски.


Дисеминација на проектот во основни исредни училишта во Струмица

октомври 2019


Преку дисеминација на проектот ,, Намалување на штетното влијание на јаглероден диоксид кај автомобилите со користење на еколошки филтер од зеолит,, вршевме презентации во основните и средни училишта во струмица ОУ,,Сандо Масев,, , СОУУД,,Димитар Влахов,, , СОУ,,Јане Сандански,, , СОУ,,Никола Карев,, , ОУ,,Никола Вапцаров,, , Оу,,Маршал Тито,, , ОУ,,Видео Подгорец,,.







Учество на ,,Меѓународна конференција по природни науки,,

септември 2019

Активот по физика од Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева учествуваа во дебата за примена на ИКТ во наставата по физика, подготовка на новите модуларни единици, намалување на фондот на часови по физика и корелација на предметот физика во основните и средните училишта.



Проект за развивање вештини и поддршка на иновации-модернизација на техничко образование

август 2019

Обука за реализација на модуларни наставни програми. Учествуваше активот по физика Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева. Имаше запознавање со реформа за модернизација на техничкото образование. 
Сесија 1- Насоки за планирање на воспитно образовната работа за конкретна наставна програма
Сесија 2-Работа во групи 
Сесија 3-Презентација од работните групи на пополнетиот образец за планирање на наставата по конкретен годишен план, модуларна единица, презентација на коректен наставен час.

Учество на ,,Народна техника,,

април 2019

Во 55-ти Државен натпревар на млади истражувачи кој се одржа во Куманово земаа учество ученичките Афродита Трајкова во областа екологија со проектот ,,Еколошки распрскувач,, и Ангела Џингарска во областа применета физика со проектот ,,Индикатор за влажност на почвата,, при што освои III место под менторство на Зорица Масникоса Поп-Трајкова. 


7 меѓународна конференција во наставата по физика во средните училишта

март 2019

Учество со постер-презентација со проектот ,,Намалување на штетното влијание на јаглероден диоксид од автомобилите со користење на еколошки фитер од зеолит,, под менторство на Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева.Објава на постерот во зборник и следење на:
1 предавања во областа на физика
2 учество во експериментални вежби со примена на детски играчки
Резултатот од ова е добивање на уверение за активно учество.

Ден на планетата Земја

2017

Целта на одбележувањето на ,,Денот на планетата Земја,, е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители. Учествуваше ученичката Љубица Гошева под менторство на  Костадинка Тушева.