Wednesday, January 22, 2020

Учество на ,,Народна техника,,

април 2019

Во 55-ти Државен натпревар на млади истражувачи кој се одржа во Куманово земаа учество ученичките Афродита Трајкова во областа екологија со проектот ,,Еколошки распрскувач,, и Ангела Џингарска во областа применета физика со проектот ,,Индикатор за влажност на почвата,, при што освои III место под менторство на Зорица Масникоса Поп-Трајкова. 


7 меѓународна конференција во наставата по физика во средните училишта

март 2019

Учество со постер-презентација со проектот ,,Намалување на штетното влијание на јаглероден диоксид од автомобилите со користење на еколошки фитер од зеолит,, под менторство на Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева.Објава на постерот во зборник и следење на:
1 предавања во областа на физика
2 учество во експериментални вежби со примена на детски играчки
Резултатот од ова е добивање на уверение за активно учество.

Ден на планетата Земја

2017

Целта на одбележувањето на ,,Денот на планетата Земја,, е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители. Учествуваше ученичката Љубица Гошева под менторство на  Костадинка Тушева.

Учество на ,,Месец на наука,,

ноември 2017

Учество на Месец на наука со уценичката Весна Спасова под менторство на Костадинка Тушева со тема ,,Во светот на буквите со рефлексиона дифракциона решетка,,. Исто така учествуваше и уценичките Афродита Трајкова и Стефани Миленкова под менторство на Зорица Маникоса Поп-Трајкова со тема ,,Конструкција за машина за ајвар,, и добиено специјална награда.





Присуство на 12 меѓународна конференција од областна на физика

септември 2017

Професорките Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева учествуваа во тридневната меѓународна конференција од областа на физика која се одржа во Охрид. Се одвиваа неколку активности како:
-предавање од обласа на физиката 
-експериментален ден од областа на оптика, механика и електромагнетизам.
Одржана од:
Друштво на физичари на Македонија
Институтот на физичари, ПМФ
Универзитетот  св. ,,Кирил и Методиј,,










Награда од ..Фонд за иновации,,

јуни 2017

Со можноста за учеството на ,,Фонд за иновации,, преку презентирањето на проектот од 89 средни училишта бевме добитници на втора награда со што освоивме чек од 171.805 денари.



ПРЕДИЗВИК НА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ 2017

мај 2017

Имавме чест да бидеме дел од презентирањето на проектот ,,Намалување на штетното влијание на јаглероден диоксид кај издувните гасови од автомобилите со примена на еколошки филтер од зеолит,,.
Учество со седум ученици: Ангела Џингарска, Дорис Иванова, Бранкица Митева, Ружица Минова, Ванеса Стојкова, Весна Спасова, Љубица Гошева под менторство на Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева пред стручна комисија од 6 члена.