Fizika - SOUUD "Dimitar Vlahov" - Strumica
Monday, January 26, 2026
Едукативни и безбедни линкови за користење по предметот физика
Драги ученици,
Со цел полесно и поинтересно изучување на физиката, на овој блог ќе објавуваме внимателно избрани, безбедни и корисни линкови кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете наставните содржини, да повторите, да вежбате и да истражувате.
https://phet.colorado.edu/mk/
https://www.khanacademy.org/science/physics
https://www.physicsclassroom.com/
https://www.bbc.co.uk/bitesize/subjects/zpm6fg8
https://www.youtube.com/@crashcourse
http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu
https://www.ck12.org/student/
Линковите што се споделуваат:се едукативни и проверени;се поврзани со темите што ги изучуваме на час;содржат симулации, видеа, интерактивни задачи и појаснувања;
се наменети за ученици од средно образование.
Користете ги за повторување и утврдување на материјалот.
Истражувајте самостојно и поставувајте прашања на час.
Користете ги како поддршка при домашни задачи и проекти.
Не е потребно да се регистрирате или да внесувате лични податоци.
Важно за безбедноста:
Користете само линкови објавени на блогот или препорачани од наставникот.
Не отворајте непознати или сомнителни страници.
Доколку забележите проблем со некој линк, известете го наставникот.
Со правилно користење на дигиталните ресурси, физиката може да стане поразбирлива, поинтересна и позабавна. Ве охрабруваме да истражувате, да размислувате и активно да учествувате во процесот на учење.
Со почит,
Наставник по физика Зорица Масникоса-Поп Трајкова
Thursday, December 11, 2025
Награден проект од областа на Компјутерска техника, Народна техника на Р.Македонија, 2021
На 11 јуни, 2021 година во просториите на СОУУД Димитар Влахов во Струмица беа доделени награди од страна на Народна Техника на Р. Македонија. Ученикот Боби Крстев под менторство на наставникот Зорица Масникоса-Поп Трајкова во областа Компјутерска техника, со креирање на динамична веб страна се закити со прва награда. Наградата за ученикот претставуваше мотив за понатамошно следење на сите обуки и надоградување со знаење од облста на Информатика.
Оценувачка комисија од областа на Астронаутика, Астрономија и Применета физика -Народна техника на Р.Македонија,2021 година
На 13.05.2021 во просториите на Народна техника, Скопје се реализираше државниот натпревар од областа Астронаутика, Астрономија и Применета физика. Комисијата во состав од наставниците по физика Зорица Масникоса-Поп Трајкова и Костадинка Тушева вршеа проверка на изработени проекти од страна на ученици од сите основни училишта.
Wednesday, January 22, 2020
Учество на ,,ЕКО-мини саем,,
декември 2019
Учествувавме во манифестацијата на ,,ЕКО-мини саем,, каде од 98 училишта беа избрани шест училишта, три основни и три средни со теми поврзано со екологијата и подигање на свеста кај граѓаните која се одржа во домот на култура во општина Битола. Манифестацијата беше следена од голем број гости. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Битола и исцрпнпо излагање за целта даде директорот на ,,Фонд за иновации,, господин Јован Дестотовски.
Дисеминација на проектот во основни исредни училишта во Струмица
октомври 2019
Преку дисеминација на проектот ,, Намалување на штетното влијание на јаглероден диоксид кај автомобилите со користење на еколошки филтер од зеолит,, вршевме презентации во основните и средни училишта во струмица ОУ,,Сандо Масев,, , СОУУД,,Димитар Влахов,, , СОУ,,Јане Сандански,, , СОУ,,Никола Карев,, , ОУ,,Никола Вапцаров,, , Оу,,Маршал Тито,, , ОУ,,Видео Подгорец,,.
Учество на ,,Меѓународна конференција по природни науки,,
септември 2019
Активот по физика од Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева учествуваа во дебата за примена на ИКТ во наставата по физика, подготовка на новите модуларни единици, намалување на фондот на часови по физика и корелација на предметот физика во основните и средните училишта.
Проект за развивање вештини и поддршка на иновации-модернизација на техничко образование
август 2019
Обука за реализација на модуларни наставни програми. Учествуваше активот по физика Зорица Масникоса Поп-Трајкова и Костадинка Тушева. Имаше запознавање со реформа за модернизација на техничкото образование.
Сесија 1- Насоки за планирање на воспитно образовната работа за конкретна наставна програма
Сесија 2-Работа во групи
Сесија 3-Презентација од работните групи на пополнетиот образец за планирање на наставата по конкретен годишен план, модуларна единица, презентација на коректен наставен час.
Subscribe to:
Comments (Atom)













